Достапни линкови

САД: поради компјутерска грешка, ултра евтини авиобилети


Проблемот со веб-страницата на американската авиокомпанија Делта оневозможи дел од клиентите кои имаа билети добиени со попуст, да ги подигнат. Делта соопшти дека ќе бидат почитувани билетите купени по намалени цени. Според извори од авиотранспортот, некои клиенти биле во можност да си купат билети од Њујорк до Лос Анџелес за 40 долари, во прва класа или од Лос Анџелес до Хаваи за 200 долари, карта која во редовна продажба чини околу 3500 долари. Во септември Јунајтед еарлајнс се соочи со сличен проблем кога одредени билети се продаваа за 5 или 10 долари.
XS
SM
MD
LG