Достапни линкови

logo-print

Бразил: војската ангажирана во справувањето со поплавите


Бразилски војници се ангажирани во сoјузната држава Еспирито Санто на дистрибуција на храна, вода и лекови за жртвите од поплавите кои веќе десет дена ги погодуваат југоиточните делови на Бразил, предизвикувајќи најмалку 39 жртви. Во државата се пристигнати околу 170 војници. Во текот на денот треба да пристигнат и припадници на инженеријата, кои ќе работат на патишта и мостови оштетени во поплавите. Управата за цивилна заштита соопшти дека во поплавите загинале 21 лице а над 50 000 биле принудени да ги напуштат своите домови.
XS
SM
MD
LG