Достапни линкови

logo-print

Турција: јавниот обвинител спречен во истрагата


Турскиот јавен обвинител Муамер Акаш денеска објави дека бил спречен во истрагата за корупцискиот скандал кој доведе до реконструкција на владата. Во неговото соопштението тој наведува дека бил подложен на отворен притисок. До оваа изјава на јавниот обвинител дојде еден ден откако тој нареди притвор на уште 30 осомничени, вклучувајќи пратеници и бизнисмени, како дел од проширувањето истрага за корупција. Овој случај предизвика оставка на тројца министри и реконструкција на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тој оцени дека станува збор за оркестриран странски заговор против неговиот кабинет.
XS
SM
MD
LG