Достапни линкови

Таксират 2013 со амбиции да го преврти Скопје наопаку


Со над 10-часовна програма што ја чинат 12 артисти и бендови меѓу кои БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, Д ЕКСПЛОИТИД и Карл Креиг, в сабота на 28 декември, во „Метрополис арена“ и втората сала на Скопски саем, ќе се одржи финалната ноќ на 15 јубилејно издание на фестивалот „Таксират“, субкултурната манифестација чие мото е „Да го превртиме Скопје наопаку!“.

Со грижливо селектирана програма во дослух со претходните изданија, на урбаниот дух на градот, под мотото „Да го превртиме Скопје наопаку!“, оваа саботна ноќ ќе му се случи 15-то издание на фестивалот „Таксират“. И, на него, според веќе пробаниот рецепт, на две сцени – во „Метрополис арена“ и во втората саемска хала, е предвидено да продефилираат 12 артисти и бендови кои зад себе имаат доволно километри по клубовите за да би се нашле на едно вакво респектабилно случување.
Имаме селектирана програма која што жанровски е различна според она што го донесуваат музичките артисти кои што ќе претстават на „Таксират“.

Босанскиот бенд Дубиоза колектив.

Босанскиот бенд Дубиоза колектив.

„Имаме селектирана програма која што жанровски е различна според она што го донесуваат музичките артисти кои што ќе претстават на „Таксират“, меѓутоа слободно ќе кажам дека заедничко на сите нив е токму нивната специфичност и препознатливост по неверојатно добрите концерти што тие ги одржуваат пред публиката“, вели Катерина Цветковска од „Пасворд продукција“, организатор на фестивалот.
Остануваме верни на она што веќе 15 години го правиме како „Таксират фестивал“, односно да понудиме една нова, разновидна и поинаква програма кога е музиката во прашање.

Таа дополнува дека селекцијата ги вклучува панк-рок иконите Д ЕКСПЛОИТИД од Шкотска, импресивниот и моќен шпански ска-панк бенд Д ЛОКОС (следбеникот на вонсериските СКАПИ), еден од најдобрите балкански бендови – Босанците ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, легендарниот хрватски рокенрол бенд МАЈКЕ - бандата на култниот Горан Баре која, иако постои од 1984 година, по прв пат ќе настапи во Македонија, предводниците на регионалната (па ако сакате и европската) инди сцена – нашите БЕРНАЈС ПРОПАГАНАДА и српскиот хип хоп феномен БЕЛГРАДСКИ СИНДИКАТ.
Експлоитед, шкотски панк рок бенд.

Експлоитед, шкотски панк рок бенд.


Згора на тоа, во денс-програмата најавени се великанот на детроитската техно сцена Карл Креиг, еден од предводниците на хаус-музиката Денис Ферер, проверените и медиумски најдокажаните македонски хип-хоп артисти Гоце (САФ) и ЛД Пистолеро, а во предвечерието на финалната вечер на долгата и бележита листа и беа додадени диџејот и продуцент Самоил Радински и локалните панкери „Лоши деца“ кои ќе бидат првите што ќе ги испорачаат дисторзичните рифови и своите остри пораки.

„Остануваме верни на она што веќе 15 години го правиме како „Таксират фестивал“, односно да понудиме една нова, разновидна и поинаква програма кога е музиката во прашање во Македонија, а сето тоа да биде достапно за поширокиот аудиториум тргнувајќи од цената на фестивалските влезници и сè до имиџот којшто секогаш тежнее да донесе нешто поинакво пред домашната публика“, потенцира Цветковска.

Момците од ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, во пресрет на својот настап, ќе речат дека тие иако одомаќени во Скопје на „Таксират“ свиреле во „предисторијата“ и дека сега му се радуваат на актуелниот момент бидејќи овојпат доаѓаат со нов материјали нема да и продаваат стари приказни на публиката.

„На „Таксират“ годинава ќе го претставиме новиот албум „Апсурдистан“ кој излезе во април оваа година и планираме да ги отсвириме сите песни што се забележани на него, така што луѓето ќе имаат можност да слушнат што е тоа што сме го сработиле. И бидејќи во Скопје не сме биле скоро две години, еве се трудиме да дојдеме со нешто што е свежо за да не мораме на публиката да и продаваме карти за едно те исто“ забележува Бранко Јакубовиќ од Дубиоза колектив.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG