Достапни линкови

Владата утре повторно за загаденоста на воздухот


Владата утре повторно ќе ја разгледува состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Доколку состојбата не е променета, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми најави порадикални мерки. Владата донесе одлука за ослободување од работни обврски за бремените жени, лицата над 60 години и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар. До утре важи и препораката работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници тоа да го прават од 11 до 17 часот, а градинките, основните и средните училишта да не изведуваат активности на отворено.
XS
SM
MD
LG