Достапни линкови

Грчката крајбрежна стража спасила имигранти кај Пелопонез


Грчката крајбрежна стража спасила над 90 имигранти, чиј брод бил зфатен од невреме крај полуостровот Пелопонез, јавија новинските агенции. Меѓу нив, како што се наведува, биле и три лица за кои се претпоставува дека се шверцери на луѓе. Тие веднаш биле приведени од полицијата. Бродот со имигранти првите проблеми ги имал уште во понеделникот вечерта, а спасувачката операција, во која учествуваа 13 бродови и хеликоптер на крајбрежната стража, заврши во текот на минатата ноќ. Националноста на имигрантите не е соопштена.
XS
SM
MD
LG