Достапни линкови

Дневен печат - медиумите, Иванов и 24 декември


Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците на Собранието на Република Македонија.
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

Законот за медиуми, годишнината од 24 декември и обраќањето на претседателот Иванов, дел од темите во дневните весници.

„Уште еден камшик за новинарството“, пишува новиот дневен весник Слободен печат во врска со Законот за медиуми што во средата беше изгласан само од владејачкото мнозинство, затоа што пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската седница. Инаку, сите интернет портали, кои важат за нецензурирани, забележуваат дека законот ќе биде смрт за слободата на изразувањето и за новинарството во земјава.
СДСМ фронтално ја нападнале новинарската професија барајќи да нема закон за медиуми, по што новинарите и медиумите и понатаму би биле без законска заштита.
Вечер.

Вечер со спротивна теза:„СДСМ фронтално против новинарите“, наведувајќи дека пратениците на СДСМ фронтално ја нападнале новинарската професија барајќи да нема закон за медиуми, по што новинарите и медиумите и понатаму би биле без законска заштита.

Утрински објавува интервју со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој меѓу другото изјавува дека Владата направила спин дека преговарала со ЗНМ, а тоа не било
Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
точно. Владата само ги прифати нашите забелешки, вели Селмани.

Дневник објавува дека ова здружение ќе бара разврска на настаните од ланскиот 24 декември во Европскиот суд за човекови права. Утрински детално пишува за тоа дека пратениците на опозицијата со собир, облечени во бели маички на кои со црни букви е пречкртан зборот режим ја одбележале годишнината од 24 декември.
Уште една шлаканица за Владата на Груевски: Си-Ен-Ен нè прогласи за една од најлошите економии во светот.
Слободен печат.

Во врска со ова, Вечер го објави истото што и ТВ Сител, дека „Кога ќе згрми Бранко, СДСМ се постројува“.

„Уште една шлаканица за Владата на Груевски: Си-Ен-Ен нè прогласи за една од најлошите економии во светот, информира Слободен печат, а Утрински објаснува дека Македонија е меѓу првите првите пет најлоши во светот поради високата стапка на невработеност од околу 30 проценти. Утрински ја пренесува статијата од германскиот магазин Шпигл, каде што Македонија е наречена „мртов агол на Европа“.

Нова Македонија особено се занимава со делот од новогодишното обраќање на претседателот Иванов пред пратениците дека Македонија ќе бара ОН да ја применат пресудата од Хаг, едновремено пренесувајќи мислења на упатени во работата на светската организација дека „Нема врата на која можеме да чукнеме во Советот за безбедност“ и дека прерано го обелоденил тоа, зашто Грција ќе имала време да реагира. Вечер објавува дека „Дипломатите и експертите им даваат поддршка на претседателот и на премиерот за да се разоткријат грчките лаги пред светските институции, како што пишува. Дневник ги цитира Радио Слободна Европа и делот од интервјуто на Али Ахмети каде што кажува дека „во коалицијата има разлики, но нема проблеми“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG