Достапни линкови

Остануваат контроверзите со екстерното тестирање


Архивска фотографија: Екстерно тестирање во скопските училишта.
Архивска фотографија: Екстерно тестирање во скопските училишта.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски нагласува дека клучниот проблем е оти не смее да се поврзува екстерното тестирање со оценувањето на квалитетот на работа на наставниците.

Со тоа што прашањата се одговорени на интернет не се променети суштинските недостатоци кои се поврзани со екстерното тестирање коментираат експертите. Поранешниот министер за образование Ненад Новковски нагласува дека клучниот проблем е оти не смее да се поврзува екстерното тестирање со оценувањето на квалитетот на работа на наставниците. Според него оваа постапка е нешто што го одвлекува вниманието од главниот проблем, а тоа е дека има голем број недостатоци во самиот процес.
Треба да биде целосно исправен системот, зашто имаше голем број проблеми, како со прашањата, во изведувањето, со софтверот којшто беше ужасно лошо направен.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

„Треба да биде целосно исправен системот, зашто имаше голем број проблеми, како со прашањата, во изведувањето, со софтверот којшто беше ужасно лошо направен и тој апсолутно мора веднаш да се повлече и да бидат вратени парите назад од оној којшто го изработил зашто е многу лошо направен и не функционира како што треба“, вели Новковски.

Тој додава дека е потребно да се смени и регулативата зошто тоа оценување не може да влијае врз оценките што се добиваат од континуираното оценување и исто така не може да влијае директно врз оценувањето на квалитетот на работата на наставниците.
Наставникот ако правел тематско процесно планирање и почнал со последната тема од учебникот или со некој различен редослед, сега можеби нема да им се погодат прашањата на пола материјал.
Јулија Петровска, наставничка.

Наставниците велат дека е убаво што се дадени прашањата и што учениците ќе знаат што ќе бидат прашани и ќе се потсетат на материјалот, но потенцираат дека се заборава автономијата и изборот на наставникот. Секој наставник има свој избор на теми, вели професор Јулија Петровска.

„Наставникот ако правел тематско процесно планирање и почнал со последната тема од учебникот или со некој различен редослед, сега можеби нема да им се погодат прашањата на пола материјал“, вели таа.

Иако надлежните сметаат дека стресот ќе биде минато за учениците со тоа што прашањата ќе бидат достапни и познати, наставниците не мислат така.

„Децата ќе бидат повторно под притисок, не може да се каже не, зашто ние да знаевме на 1 септември дека ќе биде вака, се зборуваше, меѓутоа не беше децидно прецизирано како ќе биде. Ако беше прецизирано тогаш ќе требаше тогаш да ни ги дадат прашањата и ние автоматски целиот материјал ќе го спремавме на ниво на прашања“, вели Петровска.

Вчера Државниот испитен центар ги објави прашањата од екстерното тестирање, кое ќе се спроведе на 22 и 24 јануари 2014 година. Прашањата ќе се однесуваат на содржини кои се лесни за помнење, а суштински многу значајни во образовниот процес сметаат во МОН.

Овој проект од почетокот предизвикува многу реакции во јавноста. За опозицијата, екстерното тестирање е неуспешен проект на Министерството за образование, што е на штета на учениците и наставниците.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG