Достапни линкови

Кина протестира поради посетата на Абе на контроверзниот споменик


Кина упати остар протест поради посетата на јапонскиот премиер Шинзо Абе на контроверзниот меморијален споменик во Токио, кој според Пекинг ја глорифицира историјата на воената агресија.
Светилиштето Јасукуни е изградено во чест на жртвите од војната, вклучувајќи и некои лидери од Втората светска војна кои беа осудени за воени злосторства. Реагираше и владата на Јужна Кореја која соопшти дека Сеул „не може да го задржи своето жалење и лутина.“ Абе е првиот премиер кој го посетил Светилиштето од 2006 година.
Поранешниот премиер Јуничиро Коизуми го посетуваше Светилиштето секоја година во периодот од 2001 до 2006, што допринесе за заладување на односите со Кина. Абе вели дека посетата е со цел да се врати гордоста во јапонското минатото.
XS
SM
MD
LG