Достапни линкови

Русија - Арафат починал од природна смрт


Руски експерти за судска медицина по проучување на посмртните остатоци од Јасер Арафат соопштија дека палестинскиот лидер починал од природна смрт, а не од труење со радијација.
Ексхумираните остатоци на починатиот палестински лидер се проучуваа од страна на швајцарски, француски и руски експерти. Французите, исто така, ја отфрлија можноста за труење.
Швајцарскиот форензички тим минатиот месец соопшти дека труење со полониум е можна причина за смртта на Арафат во 2004 во Париз на 75-годишна возраст, но дека нема апсолутен доказ.
Израел ги отфрли наводите дека Арафат бил убиен.
XS
SM
MD
LG