Достапни линкови

Полицијата со солзавец против демонстрантите во Бангкок


Полицијата во главниот град на Тајланд, Бангкок, употреби солзавец и гумени куршуми за да се справи со демонстранти, кои бараа да се блокираат новите избори. Демонстрантите во четвртокот со камења и други предмети фрлаа кон полицијата пред местото во кое се одвиваше извлекувањето на редните броеви на гласачките ливчиња. Изборите треба да се одржат на 2 февруари. Демонстрантите повикаа на оставка на премиерот Јинглук Шинаватра. Премиерот победува на сите избори во земјата од 2001 година. Во средата тој предложи да се формира Националниот совет за реформи кој ќе посредува во кризата, но тој предлог беше одбиен од страна на демонстрантите, кои ветија повеќе демонстрации и граѓанска непослушност.
XS
SM
MD
LG