Достапни линкови

logo-print

Јапонскиот премиер во посета на контроверзен споменик


Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонскиот премиер ќе посети контроверзен меморијален споменик во Токио, потег што најверојатно ќе вознемири соседните Кина и Јужна Кореја. Портпаролот на премиерот Шинзо Абе вчера соопшти дека Абе ќе го посети Светилиштето Јасукуни изградено во чест на жртвите од војната, вклучувајќи и некои лидери од Втората светска војна кои беа осудени за воени злосторства.

Еден кинески официјален претставник на Министерството за надворешни работи ја опиша посетата како „апсолутно неприфатлива за кинескиот народ.“ Портпаролот на Владата на Јужна Кореја соопшти дека Сеул „не може да го задржи своето жалење и лутина.“

Абе е првиот премиер кој го посетил Светилиштето од 2006 година. Поранешниот премиер Јуничиро Коизуми го посетуваше Светилиштето секоја година во периодот од 2001 до 2006, што допринесе за заладување на односите со Кина. Абе вели дека посетата е со цел да се врати гордоста во јапонското минатото.
XS
SM
MD
LG