Достапни линкови

logo-print

Руски брод заробен во мраз на Антартикот


Руски истражувачи брод со 74 патници е заробен во мразот на брегот на Антартикот. По него се тргнати три бродови „мразокршачи“. Австралиската служба за поморска безбедност соопшти дека вчера добиле порака од бродот „Академик Школаски“. Портпаролот на службата сепак изјави дека бродот не е во опасност. Бродот го повторува патувањето на истражувачот Сер Даглас Мејсон во тој регион пред околу 100 години. Мејсон ги сповел своите научни експерименти во периодот од 1911 до 1914 за време на неговата Австралиско - Антарктича експедиција. Се уште не е јасно дали рускиот брод ќе ја продолжи својата мисија или ќе се врати во Нов Зеланд, откако ќе биде ослободен од мраз. „Бродовите„мразокршачи“ треба да стигнат до заробениот брод доцна вечерта.
XS
SM
MD
LG