Достапни линкови

Ердоган менува министри


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган му доставил нов список на шефот на државата Абдула Ѓул со имињата на министри во кабинетот, откако претходно тројца министри поднесоа оставки поради корупцискиот скандал.

По состанокот со претседателот Ѓул кој е одвивал зад затворени врати, Ердоган најави замена на 10 министри од неговиот кабинет. Вчера, министрите за економијата, за внатрешни работи и министерот за животна средина се повлекоа откако синовите на сите тројца беа уапсени за време на големата корупциска истрага. Ердоган го смени и министерот задолжен за односите со Европската унија, кој исто така бил вмешан во скандалот. Ердоган вели дека обвиненијата се неосновани, но поранешниот министер за животна средина Ердоган Бајрактар го повика Ердоган тој да си даде оставка.
XS
SM
MD
LG