Достапни линкови

logo-print

Изгласани медиумските закони


Со 61 глас „за“ Собранието го донесe дополнетиот предлог-закон за медиуми во второ читање.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски рече дека веднаш на првата наредна владина седница Министерството ќе ги достави предлог амандманите на законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како што се договориле со претставниците на Здружението на новинари на Македонија.

„Да нема дилема кога ќе биде тоа, тоа ќе биде на првата наредна владина седница. Во Законот за медиуми по договореното со претставниците на ЗНМ комплетно ќе се изостават електронските публикации, електронските портали. За печатените медиуми ќе остане само обврската за импресум и обврската за транспарентност во работењето и онаа која се однесува на заштита на малолетни лица од порнографски содржини“, рече Ивановски.

Пратениците од опозицијата посочија дека на Македонија не и треба закон за медиуми. Обвинија оти се чекало да помине Европскиот совет за законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да бидат ставени на дневен ред.
Претходно, пратениците го донесоа Дополнетиот предлог-закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во второ читање. За овој закон гласаат 62 пратеници. На гласањето на беа присутни пратеници од опозицијата.
XS
SM
MD
LG