Достапни линкови

Неуспешна година за Општина Куманово


Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.

Без многу инвестиции и со блокирани сметки на Општината и на многу јавни претпријатија, завршува годината на Општина Куманово.

Општината Куманово годинава ќе ја заврши со неуспешни показатели, согласни се советниците од опозицијата, власта, а и градоначалникот Зоран Дамјановски. Додека за опозицијата оправдување за овој резултат нема, за власта и за градоначалникот, причините се во финансиските притисоци и популизмот на централната власт.
Сметката на Општината е блокирана, како и сметките на повеќето јавни претпријатија, така што не гледам ништо позитивно во работата во 2013-та година.

Според Драган Петковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и неговите сознанија добиени од дел од граѓаните, Куманово е запрено во времето.

„Последните години во Куманово ништо не се случува. Нема ниту капитални, ниту мали инвестиции. Сметката на Општината е блокирана, како и сметките на повеќето јавни претпријатија, така што не Драган Петковски.

Драган Петковски.

гледам ништо позитивно во работата во 2013-та година.“

Годинава беше изборна, конституиран е нов состав на Советот, избран е старо-новиот градоначалник, неопходен беше период за адаптација. Параметрите кои укажуваат на лошата финансиска состојба се судските
Ќе имаме повеќе средства со оглед на тоа што ќе имаме и обврска да користиме повеќе средства од ИПА фондовите, а не само буџетските што ги прибираме по основ на даноци, дотации и слично и наредната година мислам дека ќе биде поуспешна.
блокади, како и низа започнати, а не завршени работи од градоначалникот смета Душица Сеизовска Јовановиќ од ГРОМ.

„Реализирани се мал дел од улиците предвидени, од инфраструктурата, од канализацијата, од сето она што му е потребно на Куманово да функционира нормално. Оваа година генерално, сметам дека ќе биде оценета како неуспешна година во реализирање на проектите.“

Снежана Захариева од владејачката СДСМ вели дека во рамките на можностите, земајќи ги предвид судските Снежана Захариева.

Снежана Захариева.

блокади, застарените тужби за експропријација на земјиштето и по однос на кредитот земен за ЈП „Водовод“, смета дека релативно добро ќе заврши годината. Иако само дел од планираното е реализиран, Захариева е оптимист за следната година.

„Ќе имаме повеќе средства со оглед на тоа што ќе имаме и обврска да користиме повеќе
Имаа пречки во работењето бидејќи финансиски не можеше програмата целосно да се реализира.
средства од ИПА фондовите, а не само буџетските што ги прибираме по основ на даноци, дотации и слично и наредната година мислам дека ќе биде поуспешна.“

Според Скендер Алии од ДУИ годинава ќе биде делумно успешна. За неуспехот тој Скендер Алии, ДУИ.

Скендер Алии, ДУИ.

додава:

„Имаа пречки во работењето бидејќи финансиски не можеше програмата целосно да се реализира.“

За градоначалникот Дамјановски 2013-та на личен план е успешна, оти како што вели, граѓаните му ја дале поддршката и за третиот мандат, иако изборите според него биле тешки и нерегуларни. Но, локалната самоуправа се наоѓа во многу тешка состојба од политичка генеза. Изложена е на финансиска опсада од сите сфери.

„Почнувајќи од нерегуларни судски пресуди, од блокади преку „Кумановско-Липковско Поле“ за цена на водата која е единствена таква во Република Македонија, до блокада од финансии од сите сфери на делување на ресорните министерства. Во таков амбиент да се креира една развојна политика на градот е многу тешко. Меѓутоа, јас сум човек кој навикнал да се бори осум години како опозиционер и се надевам дека во наредниот период ќе биде светло на крајот од тунелот и Куманово ќе биде лидер во демократизација во РМ и град кој ќе покаже како може децентрализацијата да делува на подобар квалитет на граѓаните.“

За обидите за капиталните инвестиции како што се индустриските зони, преработка на цврст отпад и слично, Дамјановски вели дека локалната самоуправа тешко се справува бидејќи зависи од ресорните министерства.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG