Достапни линкови

logo-print

Млади во Тетово - аутсорсинг кадар за шведски компании


Десетина млади тетовци од канцеларија во Тетово вршат аутсорсинг услуги за шведскиот пазар, односно прават административни и оперативни работи како надворешен кадар за тамошните компании.

Работат за шведски компании, но не се отидени на печалба во оваа скандинавска држава. Десетина млади тетовци од канцеларија во Тетово вршат аутсорсинг услуги за тамошниот пазар, односно прават административни и оперативни работи како надворешен кадар за шведските компании. Идејата за отворање на фирма во Тетово, која ќе дава аутсосриснг услуги за скандинавскиот пазар, е на иселеници во Шведска.
Во 2010 година започнавме со двајца вработени во областа на економски административни услуги. Моментално има вработено 11 лица.

Горан Цветановски.

Горан Цветановски.

„Во 2010 година започнавме со двајца вработени во областа на економски административни услуги. Моментално има вработено 11 лица кој број ќе се зголеми за уште две работни места до крајот на годината. Сите се млади дипломирани академски граѓани кои студирале на различни универзитети и во различни насоки со добро совладан англиски јазик со висок морал на работа и позитивност, претходно искуство“, вели еден од косопствениците Горан Цветановски.

Неговите соработници во канцеларијата во Тетово работат сметководство, графички и веб дизајн, логистичка и ИТ поддршка, маркетинг и слично.

„Работам маркет истражување. Бидејќи сме во фаза на експанзија, барам нови клиенти“, вели Ана Стефановска.

„Спремаме каталози, маркетинг брошури, интернет промоции и такви работи“, вели Иван Петровски.

Потребата да се вработат нови лица во канцеларијата во Тетово може да биде надеж за голем број други млади од градот кои се невработени. Најмногубројни во евиденцијата на луѓе кои имаат универзитетско образование и активно бараат работа се токму лицата на возраст од 25 до 29 години.
XS
SM
MD
LG