Достапни линкови

Ерофеев - повеќе пропаганда, помалку цензура


Прес-конференција во Скопје на писателите Виктор Ерофеев од Русија и Орхан Памук од Турција добитниците на наградата „Табернакул“ за 2013 година.

Прес-конференција во Скопје на писателите Виктор Ерофеев од Русија и Орхан Памук од Турција добитниците на наградата „Табернакул“ за 2013 година.

Пропаганда за тоа дека имаме се најдобро, кога вклучувате телевизија имате чувтсво дека живеете во рајот, вели рускиот писател Виктор Ерофеев.

Големите Орхан Памук и Виктор Ерофеев пристигнаа во Скопје. Насмеани и приземни на средбата со новинарите стрпливо одговараа на прашањата. Тука се за да ја примат меѓународната книжевна награда „Табернакул“, поради која, како што кажаа, чувствуваат огромно задоволство. Кога пред 40 години решив да бидам писател сите беа вчудоневидени, но времето покажа дека сум ја донел вистинската одлука, рече нобеловецот Орхан Памук.
Човек ќе биде успешен само ако го работи тоа што го сака, односно ако стигне таму каде што ќе го однесат неговите нозе.

„Човек ќе биде успешен само ако го работи тоа што го сака, односно ако стигне таму каде што ќе го однесат неговите нозе“, изјави Памук.

Виктор Ерофеев, чие творештво било под цензура до 1988 година се присети на периодот кога ја напишал познатата Енциклопедија на руската душа кога како што рече режимот на Медведев сакал да го затворат два месеци. Токму затоа се плашам да напишам енциклопедија за која било друга држава, оти не знам што ќе ми се случи, изјави Ерофеев.
Јас вчера имав можност да се прошетам со нашиот домаќин низ Скопје и ја видов огромниот споменик на Александар Македонски, па си реков дали после 100 години Москва ќе има таков споменик со Путин на коњ? Размислив и мислам дека веројатно нема да има.

„Јас вчера имав можност да се прошетам со нашиот домаќин низ Скопје и ја видов огромниот споменик на Александар Македонски, па си реков дали после 100 години Москва ќе има таков споменик со Путин на коњ? Размислив и мислам дека веројатно нема да има“, вели Ерофеев.

Зборувајќи за слободата на говорот, Памук вели дека денеска и не е толку тешко да се напише и издаде било што во Турција. Поголеми притисоци може да предизвика една колумна во весник, отколку што тоа може да му се случи на некој романсиер, вели Памук.

„За да напишете еден роман не треба да имате многу слобода во изразувањето. Авторите немаат толку голем притисок. Во мојата држава не мора да зборувам за некоја замислена татковина, јас во големи количини можам да ја критикувам власта, но за жал не сите автори се толку среќни како мене. Можеби кај мене тоа е поради мојата светска слава, но ќе се согласите дејка мојата држава се уште е на ниско ниво во однос на третманот кон новинарите“, вели Памук.

Да ја споредувате Турција со Русија е како да споредувате два инвалиди, некој без рака, некој без нога, и што е полошо?, вели неговиот колега Ерофеев.

„Може да кажам дека нашиот инвалид денеска живее без цензура во литературата и може да напишете се што сакате. Што се однесува на реалната политичка цензура, таа постои на централните медиумски канали. И тоа е повеќе пропаганда, а не цензура. Пропаганда за тоа дека имаме се најдобро, кога вклучувате телевизија имате чувтсво дека живеете во рајот“, ирочнично ќе рече Ерофеев.

Орхан Памук во 2006 ја доби Нобеловата награда за литература, а Виктор Ерофеев ќе остане познат како појава која обединува чин на крајно дисисидентство со чин на крајно традиционално сфаќање на литературното минато.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG