Достапни линкови

Владата за загадувањето повторно ќе расправа во петок


Виновниците за загадувањето треба да ги бараме во нас, нашата свест и однесување кон животната средина, смета поранешниот министер за животна средина и просторно планирање Владимир Џабирски.
По денешната средба на поранешните министри за животна средина, што ја организираше актуелниот Абдилаќим Адеми по повод 15 години од постоењето на Министерството, Џабирски посочи дека доколку ги користиме благодетите на новите автобуси и се откажеме од нашиот комодитет да се возиме во автомобили, би дале голем придонес во заштитата на животната средина.

Од информациите на Управта за хидрометеоролошки работи ќе зависи и одлуката на Владата во петок, кога повторно треба да се разгледа состојбата со амбиентниот воздух.
- Вчера детално беше разгледана информацијата за амбиентен воздух, но и предлозите на опозицијата предложени во Собранието. Предлогот зимскиот распуст да почне одма го одбивме, бидејќи тој ќе почне од понеделник и може да го поремети целиот образовен процес не само во Скопје, туку и во цела Македонија, бидејќи одлуката ќе важеше за цела држава, изјави Адеми.
XS
SM
MD
LG