Достапни линкови

Десетина загинати во бомбашки напад врз црква во Багдад


Ирачките безбедносни сили соопштија дека денеска за време на прославата на католичкиот Божиќ автомобил бомба експлодирал во близина на една црква во Багдад. При тоа имало десетина загинати и скоро 30 ранети. Бројот на христијанските верници нагло опадна по меѓуверските пресметки што следуваа по странската интеревенција, предводена од Соединетите држави, врз Ирак во 2003 година. Од милион ипол колку ги имало пред инвазијата, сега се смета дека во Ирак останале само половина милион христијани.
XS
SM
MD
LG