Достапни линкови

logo-print

Понта: во Британија ќе нема бран од милиони Романци


романскиот премиер Виктор Понта

романскиот премиер Виктор Понта

„Не очекувајте милиони Романци во 2014 година“, изјави романскиот премиер Виктор Понта, во обраќањето до неговиот британски колега Дејвид Камерон и Британците, кои се загрижени од можен бран имигранти од Бугарија и Романија, откако на 1 јануари ќе бидат укинати работните ограничувања за работниците од двете земји. Понта истакна дека на Камерон му претставил податоци од независни истражувања, кои многу јасно покажуваат дека нема да има бран од милиони Романци. Според Понта, стравувањата на Британците од евентуален наплив од Романија се мотивирани од медиумите и од радикални и популистички политичари.
XS
SM
MD
LG