Достапни линкови

logo-print

Двајца турски министри поднесоа оставка


Зафер Чаглајан и Муамер Ѓулер

Зафер Чаглајан и Муамер Ѓулер

Министрите за економија и за внатрешни работи на Турција Зафер Чаглајан и Муамер Ѓулер денеска поднесоа оставки на функциите поради корупцискиот скандал. Синот на Чаглајан, Салих Кан Чаглајан и синот на Ѓулер, Бариш Ѓулер се меѓу луѓето уапсени во минатата недела во антикорупциска операција. Чаглајан во писмената оставка наведува дека истрагата е „заговор“ против Турција и владејачката Партија на правдата и развојот. Дваесет и четири луѓе меѓу кои и синовите на министрите за економија и внатрешни работи беа успени во минатата недела заради сомненија за голем финансиски скандал. Уапсен е и директорот на „Халкбанк“ кај кого според полицијата биле пронајдени повеќе од 4 ипол милиони долари скриени во кутии за чевли.
XS
SM
MD
LG