Достапни линкови

logo-print

Папата Франциско им упати божиќна порака на верниците


Поглаварот на Римо Католичката Црква Папата Франциско синоќа во својата прва Божиќна порака што ја упати од Ватикан укажа дека во луѓето постојат добри и лоши страни и ги повика верниците да ги сакаат и почитуваат своите ближни. Во пораката упатена од Базиликата Св Петар, 77 годишниот Папа кој по потекло е од Аргентина додаде дека и во нашата лична историја исто така постојата светли и темни моменти .Тој ги повика верниците да ги отворат своите срца, додавајќи дека ако нашите срца се затворени и ако со нас доминираат гордоста и себичноста тогаш темнината не обзема и нас. Денеска Папата Франциско треба да ја упати својата традиционална божиќна порака “Урби ет Орби “.
Во меѓувреме во божиќна церемонија во мала црква кај Француските Алпи вчера дошло до уривање на дел од конструкцијата на црквата. Само свештеникот бил повреден во инцидентот.
XS
SM
MD
LG