Достапни линкови

До петок продолжува важноста на препораките поради загадувањето


Мерките за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион кое деновиве е над дозволеното, за бремените жени и лицата над 60 години, и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар, продолжуваат до петок.
Инаку во Собранието на Република Македонија вчера заврши собраниската дебата за загадувањето . Собарнието не ги изгласа заклучоците за Информацијата за загадувањето на воздухот во Скопје, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците од опозицијата во своите дебати обвинуваа дека Владата требала да навреме да преземе мерки за да спречи загадувањето на воздухот, дека во сите градови нема мерни и станици, дека децата треба порано да одат на распуст и друго.
XS
SM
MD
LG