Достапни линкови

Амбасада САД - Поставени приоритетите за соработката со Русија


Американскиот амбасадор во Русија Мајкл Мек Фаул изјави дека главни приоритети во американско руската соработка во 2014 та година ќе бидат Иран, Сирија и Авганистан.
Во интервју за руските печатени медиуми Мек Фаул наведе дека Иран останува првиот приоритет и оти американско- руската соработка во првите месеци од годината ќе има клучна улога во настојувањата Иран да се откаже од својата контроверзна нуклеарна програма. Тој додаде дека американскиот претседател Барак Обама би требало да има средба со рускиот претседател Владимир Путин во текот на март во Хаг доколку Путин присуствува на Нуклеарниот Безбедносен Самит. Во меѓувреме се очекува двајцата претседатели да имаат средба во јуни за време на Самиотот на Г-8 во Сочи.
XS
SM
MD
LG