Достапни линкови

Фалбите на сите ѕвона, а игнорирање на критиките


Владата секогаш ќе ги игнорира критиките кои не ѝ одговараат и кои не сака да ги слушне и преку медиумите блиски до неа ќе им сервира поубава сегашност на граѓаните.

Владата секогаш ќе ги игнорира критиките кои не ѝ одговараат и кои не сака да ги слушне и преку медиумите блиски до неа ќе им сервира поубава сегашност на граѓаните, велат нашите соговорници.
Природен е импулсот на секоја власт, дел од вестите што не ѝ одговараат, да ги игнорира. Тоа што не е природно во овој случај е што дел од медиумите не известуваат за тоа.
Петар Арсовски, комуниколог.

Во најновото истражување на Си-Ен-Ен за светските економии, Македонија втора година се најде на врвот на листата на земји според стапката на невработеност. Во анализата на британскиот неделен весник Економист, Македонија, пак, е наведена како земја со висок ризик за граѓански немири. Но владата остана без коментар, бидејќи според неа, во Македонија добро се живее. Вестите не ги пренесоа ни медиумите кои важат за блиски до владата.
Јас мислам дека тоа што не зборува никој и имаме еден тивок период, тоа значи дека владата нема никаква идеја како да излезе од оваа ситуација, веруваат дека граѓаните ќе го заборават ова со новата година.
Арсим Синани, универзитетски професор.

„Природен е импулсот на секоја власт, дел од вестите што не ѝ одговараат, да ги игнорира. Тоа што не е природно во овој случај е што дел од медиумите не известуваат за тоа, иако тоа се значајни вести за целото општество, па и за државата. Во основа, тие заклучоци треба да се третираат како сериозен аларм и во најмала рака е чудно како медиумите во Македонија, особено некои од медиумите не ги третираат. Тоа покажува до каде сме стигнати со зафаќањето на владиното влијание врз медиумите“, вели комуникологот Петар Арсовски, според кого, некои од медиумите не само што не ги објавуваат вестите, туку не ја прашуваат и не ја повикуваат власта на одговорност.

Професор Арсим Синани вели дека владата си молчи и чека граѓаните да заборават.

„Јас мислам дека тоа што не зборува никој и имаме еден тивок период, тоа значи дека владата нема никаква идеја како да излезе од оваа ситуација, веруваат дека граѓаните ќе го заборават ова со новата година, меѓутоа јас мислам дека оваа влада треба сериозно да ги види проблемите што ги има“, вели Синани.

Но, според Синани, и покрај тоа што провладините медиуми ги избегнуваат вестите во кои се критикува работата на владата, тие наоѓаат начин да стигнат до граѓаните.

„Денеска постои Фејсбук, денеска постои Твитер и луѓето гледаат телевизија. Тие може да направат да се види дека ние сме среќни, но и тие многу добро знаат дека граѓаните не се среќни со оваа ситуација и тие може да го покријат тоа, меѓутоа граѓаните на Република Македонија имаат гнев. Тоа го знаат и Латас и другарите на Латас“, вели Синани.

Во друштво на листата на Си-Ен-Ен, Македонија е со Централно Африканската Република, Иран, Малави и Јапонија, а во анализата на Економист со Албанија, Бугарија Хрватска и Романија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG