Достапни линкови

logo-print

Градоначалникот на Вевчани не знае какви маски ќе има на карневалот


До последниот момент се кријат маските, а дури не знаеме ниту нашите деца во што ќе се маскираат. Тоа е традиција во Вевчани, така било и така ќе биде. Ако нешто се обидеме тука да делуваме, ќе постигнеме контра ефект. Маските не ги знаеме и не можеме да ги знаеме, вели градоначалникот Цветомир Угриноски.

Ниту на овој Вевчански карневал, како што е традиција, до последен момент нема да се знае какви маски ќе се појават. И покрај протестите на граѓаните од муслиманска вероисповест пред две години кога тие негодуваа дека Вевчанци биле облечени во маски навредувачки и иритирачки за нив, кои ја навредувале нивната вера, организаторите рекоа дека воопшто не знаат какви маски ќе има и дека не сакаат да се мешаат во тоа. Тоа било традиција и ќе остане така вели Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.
Како организатори ние немаме право во двете василичарски друштва Горно и Долно Маало да се мешаме бидејќи ќе постигнеме контра ефект.

Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.

Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.

„Како организатори ние немаме право во двете василичарски друштва Горно и Долно Маало да се мешаме бидејќи ќе постигнеме контра ефект. Затоа тука нема никој право да се меша и не знаеме какви маски ќе имаме сè до оној момент додека ги видиме. До последниот момент се кријат маските, а дури не знаеме ниту нашите деца во што ќе се маскираат. Тоа е традиција во Вевчани, така било и така ќе биде. Ако нешто се обидеме тука да делуваме, ќе постигнеме контра ефект. Маските не ги знаеме и не можеме да ги знаеме“, рече Угриноски.
Започнуваме и со промотивна кампања која ќе биде проследена и во соседните држави на Балканот.

Ема Темелковска од Агенцијата Идеа Лаб, која е вклучена во организацијата на карневалот, вели дека прават напори сè да помине во најдобар ред годинава. Се очекува далеку поголема посетеност во однос на минатата година, но и многу новитети кои Вевчани ќе го раздвижат неколку дена. Карневалот годинава ќе започне на 10, а ќе заврши на 14 јануари. Доколку сместувачките капацитети не ги задоволат барањата на посетителите, тогаш на располагање ќе им бидат оние во Струга и Охрид. Темелковска вели дека се работи на интензивна промоција на карневалот во соседните држави.

„Официјално се пушти во промет официјалната фан страна која е двојазична и за која е платена реклама во соседните држави. Изненадувачки е фидбекот и за само една недела имаме 8000 фанови, од кои 20 отсто се странци кои покажуваат интерес за карневалот. Започнуваме и со промотивна кампања која ќе биде проследена и во соседните држави на Балканот“, рече Темелковска.

Градоначалникот Угриноски најави дека општината наскоро ќе го отвори и музејот на маски во Вевчани.

Вевчанскиот карневал според официјални документи се одржува веќе 1450 години. Оваа година ќе биде избрана најдобра групна маска на која ќе ѝ биде подарено буре црвено вино, исто како порано. Годинава карневалот ќе се одржува под слоганот „Биди и ти вистински Василичар“.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG