Достапни линкови

logo-print

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“


Скопскиот кривичен суд денеска изрече пресуди за обвинетите во случајот „Детонатор“. На двајца од обвинетите судот им изрече доживотен затвор, а на четворица од 12,5 до 14,5 години затвор. Останатите обвинети се казнети со 1, 3 и 9,5 години затвор.

Обвинетите, кои се товарат за повеќе кривични дела, како убиство во обид, насилство, лихварство, изнуда и недозволено држење оружје, за време на судскиот процес се бранеа дека се невини.

Акцијата „Детонатор“ беше спроведена во март 2012 година. Уапсените беа претставени како криминално подземје во источна Македонија. По акцијата следуваа и смени на полициски командири и началници
XS
SM
MD
LG