Достапни линкови

Ѓул: Корупцијата нема да се прикрива


Каква било корупција во Турција нема да биде прикривана и ќе биде истражена од независен суд, изјави денеска турскиот претседател Абдула Ѓул во неговата прва реакција на скандалот што ја потресува владата. Многу реформи се направени во Турција и доколку има корупција или грешки, тие нема да бидат заташкани, изјави Ѓул.
XS
SM
MD
LG