Достапни линкови

Закон за медиуми по мерак на власта, па потоа промени!?


Владата нема да поднесува нов предлог закон за медиуми, туку по неговото изгласување, се обврзува амандмански да интервенира со вметнување на усогласените ставови за три забелешки на ЗНМ.

Министерството за информатичко општество нема да поднесува нов предлог закон за медиуми, ниту за нов предлог закон за аудиовизуелни медиуми и услуги до Парламентот, туку на веќе поднесените кои што се во собраниска процедура, по нивното изгласување, се обврзува амандмански да интервенира со вметнување на усогласените ставови за три забелешки на ЗНМ.
Во Министерството велат дека не знаат кога овие закони ќе се најдат на дневен ред во Собранието затоа што со поднесување на законите до Парламентот тие ја завршиле својата работа.
Бесмислено е и не треба да се брза со донесувањето на таков закон, па после со некакви измени да се менува опфатот на законот.
Снежана Трпевска, професорката по медиумско право.

ЗНМ, пак, во писмениот допис до медиумите истакнува дека измените по скратена постапка се очекува Собранието да ги усвои до крајот на јануари следната година.

Со ова се наметнува прашањето кои се правните последици од вакуум просторот кој што ќе настане од ваквата ситуација.

Професорката по медиумско право Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство и односи со јавноста вели дека е бесмислено да се донесат закони по итна постака, а потоа амандмански да се менуваат.
Тие закони кога ќе бидат донесени, двата закони, веќе ќе бидат влезени во сила. Прашање е што во тој период кога тие закони ќе бидат во сила.
Снежана Трпевска, професорката по медиумско право.

„Едноставно и од аспект на една правна техника и логика е недозволиво да се менува опфат на закон, значи толку крупна работа, толку крупно прашање со измени на закон. Значи, бесмислено е и не треба да се брза со донесувањето на таков закон, па после со некакви измени да се менува опфатот на законот“, вели Трпевска.

Таа додава дека не треба да се брза со нивно носење и дека треба да се почека предлог законите да се изработат како што треба, пред пратениците да ги изгласааат. Според неа проблематично е што ќе се случува во периодот од кога тие закони ќе стапат во сила до нивните амандмански измени.

„Тие закони кога ќе бидат донесени, двата закони, веќе ќе бидат влезени во сила. Прашање е што во тој период кога тие закони ќе бидат во сила, што ќе се случува и што може да се случува бидејќи и он-лајн медиумите и печатените медиуми ќе бидат предмет на регулација“, вели Трпевска.

Ова е четвртата верзија на предлог законскиот пакет за медиуми кој што се наоѓа во собраниска процедура.

Од ДУИ не добивме одговор дали ги усогласиле ставовите околу предлог законот и како нивните пратеници ќе гласаат во Собранието по ова прашање. Според вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими кој беше дел од преговорите на власта со медиумите, ова е напредок во дијалогот со новинарите.

Тој на својот твитер профил го поздрави дијалогот и посочи дека има уште многу работа.

Неколку невладини организации здружени под името Фронт за слобода за изразување сметаат дека последните настани за предложениот законски текст недвосмислено укажуваа на тоа дека Владата сака зад затворени врати без широка расправа да биде усвоен законот. Тие бараат од власта да ги повлече предлог законите.

Покрај забелешките за кои Владата се договори со ЗНМ дека подоцна амадмански ќе се менуваат, двете страни се договориле во период од 6 месеци да се изнајде предлог решение за зајакнување на независноста на јавниот сервис. Владата и ЗНМ немаат согласност за делот со регулација на печатените медиуми, законско уредување на владините кампањи, финансиската поддршка на националните радиодифузери за домашна играна и документарна продукција, дефиницијата за новинар и казнените одредби.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG