Достапни линкови

Иран ја разгледува можноста за избор на нов главен град


Иранскиот парламент го разгледува предлогот за прогласување на друг град за главен, наместо Техеран. Како што пренесува државната агенција ИРНА, во предлогот се оценува дека Техеран е пренаселен, многу загаден и има висока стапка на криминал. Не е посочено кој друг град во Иран би можел да биде прогласен за главен. Во Техеран и околината живеат около 12 милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG