Достапни линкови

Протест на годишнината од 24 декември


Изутринава, една година од 24 декември 2012, пред Собранието се одржа мирен протест. Група граѓански активисти со транспарент „Борбата продолжува“ порачаа дека не го заборавиле исфрлањето на новинарите и пратениците од Собранието.

Македонија ја загуби демократијата и слободата, велат граѓанските активисти на годишнината од т.н. „црн понеделник“, кога на носењето на буџетот за 2013, пратениците од опозицијата и новинарите беа исфрлени од Собранието. Пред Парламентот тогаш протестираа опозиционери, поддржувачи на власта, социјалци, земјоделци.
За една година Македонија доби многу места подолу на ранг листата на многу релевантни институции и организации кои се однесуваат на слободата на говорот, на демократијата и на почитувањето на човековите права.

Изутринава, една година од тој настан, пред Собранието се одржа мирен протест. Група граѓански активисти со транспарент „Борбата продолжува“ порачаа дека не го заборавиле исфрлањето на новинарите и пратениците од Собранието.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та.


Македонија со 24 декември изгуби многу, вели Џабир Дерала од Центарот за слобода – Цивил.

„Македонија загуби демократија, загуби вистински слободен дух, загуби граѓанство. За една година Македонија доби многу места подолу на ранг листата на многу релевантни институции и организации кои се однесуваат на слободата на говорот, на демократијата и на почитувањето на човековите права“, вели Дерала.
Треба општеството да направи нешто, да најде чаре за оваа ситуација, да излезе од ова лимбо кое едноставно на сите ни штети.

Со 24 декември изгуби и новинарството, вели новинарот и граѓански активист Петрит Сарачини. Исфрлањето на новинарите од галеријата на парламентот надвор од Уставот и законите е флагрантно кршење на правата на новинарите, вели Сарачини.

„За тој акт сè уште нема одговорност и додека нема вистинска одговорност за тој акт, а не политички договори, во кои новинарите не учествуваат, ниту треба да учествуваат, тие треба да си ја тераат својата борба и со оваа власт и со некоја идна, сè додека не се случи таа одговорност, ние всушност немаме демократија во Македонија“, вели Сарачини.

Овој настан и она што потоа се случуваше со новинарот Кежаровски, допрва ќе се рефлектира на ранг листите и на Новинари без граници и на Фридам хаус и на Стејт департментот, а веќе се рефлектираше во извештајот на ЕУ, вели Сарачини.

„Сите знаеме каква е состојбата, треба општеството да направи нешто, да најде чаре за оваа ситуација, да излезе од ова лимбо кое едноставно на сите ни штети“, вели Сарачини.

По 24 декември минатата година, опозициските пратеници го бојкотираа парламентот, а новинарите го напуштија дијалогот со власта за медиумските закони. Опозицијата водеше „отпор“ по улиците, беше решена да ги бојкотира и локалните избори, но со посредство на претставници од ЕУ, на 1 март се случи примирје. Потоа се формираше ад-хок Комисијата за 24 декември која на крајот усвои неколку препораки за настанот. Иако ставија потпис на договорот, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој останува невалиден во делот на правните квалификации. Од СДСМ, пак, оценија дека извештајот ја нотира вистината, а заклучоците на извештајот јасно кажуваат кој е одговорниот за случувањата во Собранието на 24 декември. За спроведување на единаесетте препораки произлезени од извештајот се формираше собраниско тело кое со консензус треба да ги донесе сите препораки, меѓу кои реформа во процедурите за носење буџет, собранискиот деловник, обезбедувањето во Собранието итн. Но, и тука не оди глатко, по стартот, работата на телото е во мирување, откако опозицијата го напушти поради апсењето на претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Потоа власта и опозицијата продолжија со обвинувањата чија е вината што практично ништо не е реализирано од Извештајот на Комисијата за 24. декември“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG