Достапни линкови

Муслиманското братство прогласено за терористичка организација


Египетскиот премиер Хазем Беблави го прогласи Муслиманското братство за терористичка организација. Ова го објави портпаролот на премиерот, само еден час по експлозијата на автомобил бомба пред полициска станица во Мансура, северно од Каиро. Најмалку 14 луѓе загинале а речиси 100 се повредени во експлозијата, која предизвика уривање на зградата.
Портпаролот го обвини Муслиманското братство за нападот, што доаѓа само еден ден откако групата наречена Ансар Беит ал Макдис соопшти дека смета оти египетските безбедносни сили се „неверници“ поради нивната послушност спрема секуларната привремена влада, поддржана од армијата.
Групата е осомничена за многу напади врз безбедносните сили откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули годинава.
XS
SM
MD
LG