Достапни линкови

Сноуден: мојата мисија е речиси завршена


Поранешниот консултант на американската Национална безбедносна агенција НСА, Едвард Сноуден изјави дека неговата мисија е речиси завршена, затоа што предизвикал преиспитување на американските политики за шпионирање. Во ексклузивното онлајн интервју за Вашингтон Пост, Сноуден истакна дека открил тајни на НСА за да му укаже на американскиот народ како е раководен.
Сноуден го даде интервјуто од Москва, каде што во август доби привремен азил. Тој нагласи дека живее аскетски, се храни со тестенини и чипс и оти поголемиот дел од времето го минува на интернет.
Немам никакви врски со руската влада, не влегов во никакви договори со нив, изјави Сноуден.
XS
SM
MD
LG