Достапни линкови

Ослободените членки на Пуси рајот се сретнаа во Краснојарск


Ослободените членки на групата Пуси рајот Надежда Толоконикова и Марија Аљохина се сретнале вчера на аеродоромот во сибирскиот град Краснојарск за да разговараат за нивните идни планови. Тие беа ослободени откако претседателот Путин објави амнестија, а беа осудени на две години затвор поради хулиганизам за настап со панк песна во московската катедрала во февруари 2012 година, во која го критикуваа Путин.
Сопругот на Толоконикова изјави дека двете жени планираат да отпатуваат за Москва, каде што в петок ќе одржат прес конференција.
По ослободувањето, Толоконикова изјави дека планира да се залага за правата на затворениците во Русија.
XS
SM
MD
LG