Достапни линкови

Украинскиот премиер во посета на Русија


Микола Азаров

Микола Азаров

Премиерите на Русија и на Украина Дмитри Медведев и Микола Азаров ќе се сретнат денеска во Москва, при што ќе разговараат за билатералната економска соработка. Азаров во Москва ќе престојува еден ден, поради учеството на сесијата на Врховниот евроазиски економски совет. Портпаролот на Медведев соопшти дека двајцата премиери ќе разговараат за трговијата, енергијата и за важни индустриски и инфраструктурни проекти.
Деновиве украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека Киев размислува да побара статус на посматрач во Евроазиската економска унија, предводена од Русија, а во која членуваат и Белорусија и Казахстан.
XS
SM
MD
LG