Достапни линкови

Амнестија за уапсените во протестите во Украина


Украинскиот претседател Виктор Јанукович потпиша закон за амнестија за сите што беа уапсени за време на проевропските демонстрации во земјата. Според прес канцеларијата на Јанукович, со амнестијата ќе бидат опфатени сите приведени по 21 ноември. Законот предвидува затворање на сите случаи отворени против учесниците во протестите и нивно ослободување.
Протестите ескалираа во Киев и други градови во Украина по објавувањето на владата дека ги суспендира разговорите со ЕУ за Спогодба за асоцијација и оти ќе бара поблиски врски со соседна Русија.
XS
SM
MD
LG