Достапни линкови

Владимир Илиевски – сликар во потрага по светлината


Владимир Илиевски, сликар.
Владимир Илиевски, сликар.

Сликарот Владимир Илиевски за „Светлосна материја“, постановката што се одржа во текот на месец октомври во салонот на Домот на Армијата на Република Македонија, е добитник на наградата на ДЛУМ „Вангел Коџоман“ за најдобро реализирана изложба во периодот 2011 – 2013 година.

Оваа награда за мене е посебна бидејќи доаѓа од потомците на големиот сликар и од моите колеги – Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ќе рече младиот Владимир Илиевски непосредно по добивањето на значајното признание – наградата „Вангел Коџоман“ за најдобро реализирана изложба во перидот 2011 – 2013 година за својата постановка „Светлосна материја“ што се одржа во текот на минатиот октомври во салонот на Домот на Армијата на Република Македонија.
Многу енергија потрошив на делата, но и на она што се нарекува нивно разместување, поставеност, па дури и на отворањето и каде таа би се одржала.
Владимир Илиевски, сликар.

Тој дополнува дека наградата ја чувствува како силен поттик и мотивација за вложување на што поголеми напори во она што го работи и вели дека во ниту еден момент не помислувал дека тоа ќе му се случи иако е свесен дека вложил многу енергија за да ја заокружи сопствената замисла во креирањето на настанот.

„Искрено прилично долго ја спремав изложбата. И не само временски, туку и многупати и се навраќав на самата концепција. Многу енергија потрошив на делата, но и на она што се нарекува нивно разместување, поставеност, па дури и на отворањето и каде таа би се одржала. Се обидов да ја видам во неколку други простори, но конечно таа се случи во Дом на АРМ бидејќи за таму и беше замислена. Сега кога ќе се навратам мислам дека сето тоа одлично изгледаше и
Но дури и таму неможев да ја избегнам светлината и ефектот на светлината. Така да секогаш се поврзуваат темите и содржините се поврзуваат една со друга.
задоволен сум посетеноста, од позитивните критики и најмногу од тоа што делата им се допаднаа на присутните.“

Роден 1989 година во Скопје, Владимир Илиевски најнапред го завршил Средното уметничко училишта, па потем дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на одделот за сликарство во класите на професорите Вело Ташовски и Свето Манев, а под менторство
на Благоја Маневски. Работи слики, икони, мозаици и други сликарски техники. Го сликал фрескописот во црквата Свети Димитрија во Чешино, Кочанско, во Свети Прохор Пчински во село Стрезовце, Кумановски и во храмот Свети Илија во Скопје. Досега има реализирано четири самостојни изложби: „Фацизам“ - Музеј на Робевци Охрид , „Џез“ - Кинотека на Македонија, „Темно сино“ - Галерија 8 и „Светлосна материја“ - Дом на АРМ, а учествувал и на повеќе групни постановки во земјава и во странство.

За своето творештво добитник е на повеќе награди меѓу кои се издвојуваат првата награда за стрип на 40-та Светска галерија на карикатури на „Остен“, признанијата за првенец на генерацијата 2005 – 2008 во ДСУПУ „Лазар Личеновски и студент со највисок просек на Академијата, а во 2007 бил победник на натпреварот за дизајнирање на новогодишни честитки за Амбасадата на САД во Република Македонија.

Од друга страна, Владимир Илиевски како и секој млад, динамичен и полн со енергија уметник не остава ден а да не живее со и за уметноста и своите дела да настојува да и ги претстави на публиката. Имено, непосредно по завршувањето на изложбата „Светлосна материја“ во Скопје, тој со поинаку замислена збирка од своето традиционално сликарство, овојпат насловена како „Динамика“, и појде на гости на кичевската публика.

„За краток период по „Светлосна материја“ имав уште една изложба – самостојно излагав во Кичево. Таа изложба беше насловена „Динамика“ и на неа се претставив со фигуративно сликарство – на сите слики имав насликано животни во силни движења. Но дури и таму неможев да ја избегнам светлината и ефектот на светлината. Така да секогаш се поврзуваат темите и содржините се поврзуваат една со друга.“

Не смее да се заборави и тоа дека сликарот беше еден од учесниците на годинешниот музичко-ликовен перформанс „Синестезија“, а во престојниов период ќе работи и на подготовките за својата самостојна изложба со соседна Бугарија.

„Се надевам дека напролет нареднава година ќе ми се реализираат плановите да го изложам моето творештво во Национално-историскиот музеј во Ботевград, во Бугарија. Таму веројатно ќе носам некои од овие дела што веќе и се претставени на нашата ликовна публика, но и слики кои допрва ќе ги насликам и ќе ги заокружам во некоја поинаква целина. “

Владимир досега има и две заеднички изложби со својот брат Гоце Илиевски, со кого го делат студиото. Не ја исклучува можноста и по трет пат со нови дела да ја предизвикаат ликовната јавност и вели дека кај нив тоа е сосема нормално и дека таквата желба се раѓа сосема спонтано, органски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG