Достапни линкови

Иванов - Што е наше, ќе си дојде


Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците на Собранието на Република Македонија.
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

Проштален говор на Иванов. Опозицијата го критикуваше и говорот и претседателот. За нив тој „има слика, нема тон“, за власта, пак, Иванов е чесен и морален политичар.

Во говорот кој повеќе наликуваше на проштален и содржеше многу пофалби за тоа што е направено во изминатите пет години, за да на крај заврши со реченицата „Што е наше, ќе си дојде“, претседателот Иванов се обрати пред македонската јавност. Осврнувајќи се на клучните настани кои на внатрешен и на надворешен план и се случија на Македонија, претседателот истакна дека и покрај низата тешкотии со кои се соочувавме, не смееме да ги изгубиме од вид предизвиците за иднината.Меѓу бројните предизвици, претседателот се осврна и на најголемиот, проблемот со името.
Создадени се услови да се побара од Советот за безбедност ефектуирање на пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

„Создадени се услови да се побара од генералниот секретар на Обединетите нации, во согласност со неговите надлежности, да поднесе извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации за состојбата во која се наоѓаат разговорите што ги води медијаторот Нимиц. Создадени се услови да се побара од Советот за безбедност ефектуирање на пресудата на Меѓународниот суд на
правдата.“

Шефот на државата зборуваше и за економските успеси на земјава.
Според него радува фактот што во овие пет години имаме подобрувања како што се економскиот развој, намалување на невработеноста, подобрување на условите за водење бизнис, зголемување на инвестициите.
Има слика, нема тон. Тој свесно и по налог на неговиот шеф и патрон Никола Груевски ја девалвираше и маргинализираше функцијата Шеф на државата.
Игор Ивановски, СДСМ.

Сосема очекувано, опозицијата го критикуваше говорот на Иванов, а власта го фалеше работењето на Иванов. Од СДСМ велат дека е тешко да се коментира говор кој не содржи ништо, кој нема визија и насока во која треба да оди Македонија.

„Има слика, нема тон. Тој свесно и по налог на неговиот шеф и патрон Никола Груевски ја девалвираше и маргинализираше функцијата Шеф на државата и одлучи во сите овие пет години да биде диригиран со далечински управувач од страна на Владата
на Република Македонија“, изјави Игор Ивановски од СДСМ.

ВМРО- ДПМНЕ со став дека Иванов достојно ја извршува својата функција и своите уставни и законски надлежности и во интерес на граѓаните и државата.
Сметаме дека се работи за еден чесен и морален политичар којшто држи до своите принципи особено кога станува збор за националните прашања.
Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека се работи за еден чесен и морален политичар којшто држи до своите принципи особено кога станува збор за националните прашања“, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Не видовме ниту една насока за иднината на државата, краткорочна или долгорочна. Претсдателот Иванов јасно и недвосмислено покажа како не треба да се врши функцијата претседател на држава, рече Горан Мисовски од НСДП.

„Сите знаат дека се вика Ѓорге Иванов и е претседател на Република Македонија, а се чудат на неговата потчинетост на владата на Груевски.“

На иста линија и опозициската НДП. Наџи Џелили од оваа партија изјави дека претседателот Иванов останал доследен дека е претседател на една политичка партија, а не на сите граѓани.

„Не случајно во говорот на господинот Иванов не слушнавме ништо за проектот Скопје 2014, не слушнавме ништо околу тепачките на младите деца во Скопје.“

Годишното обраќање на Иванов го бојкотираа пратениците на НДП и ДПА, а во собраниската сала не присуствуваше ниту еден министер на ДУИ.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG