Достапни линкови

Еврокомисијата и одобри 187,7 милиони евра на Србија


еврокомесарот за проширување Штефан Филе

еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Европската комисија денеска на Србија и одобри 187,7 милиони евра за спроведување на реформите во правосудството и локалната самоуправа. Ова се наведува во соопштението на кабинетот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе во кое се оценува дека 2013 била „историска година за односите на Србија со ЕУ“, поради стапувањето во сила Договорот за стабилизација и асоцијација и одредувањето на датум за почеток на преговорите за членство на Белград во Унијата. Најголем дел од новата транша е наменет за финансирање на реформата на правосудството, а помош ќе добијат и 34 општини во централна и јужна Србија со цел да се унапредат капацитетите на локалната самоуправа.
XS
SM
MD
LG