Достапни линкови

Парламентот расправа за загадувањето во Скопје


Пратениците денеска во рамки на 80-тата седница, расправаат по Информацијата за загадувањето во Скопје, поднесена од пратениците од опозицијата.
Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ, образложи дека и по 10 дена од загадувањето во Скопје и другите градови, како што рече, согласно последните извештаи на мерните станици кои работат, повторно состојбата е загрижувачка, а со тоа трпи здравјето на граѓаните. Тој побара итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и апелира учениците да се пуштат на одмор, да се забранат камионите кои носат песок и цемент, Владата да ги преземе мерките од Националниот план и да забранува, а не да препорачува. Обвини дека продолжуваат градежните работи на трите објекти кои, според него, ги гради Владата во близина на Собранието и покрај актуелните мерки за забрана, а сето тоа, подвлече, се бизнис интереси. Макрадули говореше и за уништени седум парка во централното градско подрачје.
За министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми овој проблем е заеднички и бара ангажман на секој без оглед во која институција се наоѓа. Тој информира дека во последните години во периодот од ноември до февруари мерните апарати за квалитетот на воздухот покажуваат дека е понизок квалитет поради повеќе причини како што се метеоролошките услови, начинот на загревањето на домовите, болниците, централните институции, студентските домови, домаќинствата.
XS
SM
MD
LG