Достапни линкови

logo-print

Адеми најавува порадикални мерки против загадувањето


Доколку утре состојбата со загаденоста на воздухот не се промени, Министерството за животна средина ќе предложи порадикални мерки, информира денеска ресорниот министер Абдилаќим Адеми.
На денешната средба со претставници на невладини организации кои делуваат во областа на животна средина, тој посочи дека нема да донесат одлуки на штета на граѓаните.
- Загаденоста на воздухот е комплексна проблематика, бара повеќе координација, особено од државните институции на локално ниво и централната власт, како и со невладиниот сектор и граѓаните, рече Адеми, нагласувајќи дека за квалитетот на воздухот свое влијание имаат индустријата, сообраќајот, грејната сезона, метеоролошките и климатските услови.
XS
SM
MD
LG