Достапни линкови

Селмани - новинарите наседнаа на владиниот спин


Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

Претседателот на ЗНМ вели дека реакциите на новинарите се резултат на спин од Владата и недоразбирање во новинарскиот еснаф. Селмани тврди дека разговори меѓу ЗНМ и Владата немало и дека единстевно што направиле е што повторно ги доставиле забелешките за законот за медиуми.

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани вели дека реакциите на новинарите се резултат на спин од Владата и недоразбирање во новинарскиот еснаф. Селмани тврди дека разговори меѓу ЗНМ и Владата немало и дека единстевно што направиле е што повторно ги доставиле забелешките кои Владата преку посредници ги побарала од нив во врска со медиумските закони. Тој додава дека договорот бил тие да го кажат своето мислење, односно дека се согласиле да кажат дека е добро тоа што Владата ги прифаќа трите забелешки, затоа што сметаат дека е голем напредок тоа што интернет порталите нема да бидат дел од регулацијата.
Мене ми е жал што некои мои колеги свесно или несвесно станаа жртви на спинот на владата дека преговарале со ЗНМ. Од нивна страна мислам дека попаметно ќе беше да се јават и да не прашат за што се работи, но ниеден од нив не се јави.

„Мене ми е жал што некои мои колеги свесно или несвесно станаа жртви на спинот на владата дека преговарале со ЗНМ. Од нивна страна мислам дека попаметно ќе беше да се јават и да не прашат за што се работи, но ниеден од нив не се јави, изгледа дека им беше доволен ставот од Владата дека преговарале со ЗНМ. Јас ја разбирам Владата зошто имаше потреба да спинува, затоа што се извлече од одговорноста да објасни што се случи во меѓувреме што го сменија ставот и прифатија интернет порталите да бидат надвор од регулација но не можам да го разберам инсистирањето на некои наши колеги по секоја цена сакаат да веруваат во спинот на владата. “

Претходно, претседателката на Самостојниот Синдикат на новинари Тамара Чаусидис изјави дека новинарската заедница не се согласува со тоа што се случи викендов и дека е единствено што и преостанува на фелата е да ја делигитимира согласноста.
Единствено што ни преостанува е да ја делигимираме согласноста што некој во наше име ја дал, за да покажеме дека новинарската заедница не се согласува со тоа што се случи.

„Факт е дека се чуствуваме запрепастени и предадени, но се разбира го немаме тој луксуз да дигнеме раце и да молчиме. Тоа им го должиме на сите колеги кои ги трпат последиците од состојбата во која се наоѓаат. Единствено што ни преостанува е да ја делигимираме согласноста што некој во наше име ја дал , за да покажеме дека новинарската заедница не се согласува со тоа што се случи. Ќе биде тешко, ова е голем удар но она што не смееме да го загубиме е надежта и вербата дека се уште постои здрав дел од заедницата кој не заборавил која е улогата на новинарите во ова општество.“

Селмани вели дека станува збор за недоразбирање затоа што Здружението не дало никаква согласност за законот за медиуми и дека ставот на ЗНМ и натаму е дека не ни треба закон за медиуми.

Жанета Трајкоска од Високата Школа за новинарство и односи со јавноста вели дека прво треба да се види кога ќе се разгледуваат законите во Собрание. Медиумските организации кои изразија незадоволство од настаната ситуација треба да ги збијат редовите и да утврдат што точно се случило.

„Мора да се побараат одговори од амбасадите на ЕУ и САД бидејќи нивното соопштение ја разјасни ситуацијата дека имало некаква согласност. Значи ние сме збунети ама претпоставувам дека и актерите во оваа приказна не се усогласени затоа се појави рашомонијада во однос на различни извори од различни агли. “

Македонскиот институт за медиуми, Центарот за медиуми и Синдикатот изразија загриженост дека ваквиот тек на настаните дополнително ќе ја влошат медиумската ситуација и ќе создадат поголем раздор во медиумската заедница. Делегацијата на ЕУ и амбасада на САД изразија очекување дека со ова ќе се поплочи патот за редовен дијалог во однос на сите прашања кои што ги засегаат медиумите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG