Достапни линкови

Интервјуто со Ахмети и идината на младите - најкоментирани


Интервјуто со лидерот на ДУИ Али Ахмети предизвика многу коментари, а „жешка“ тема е и иселувањето на младите во странство.

Очигледно, ТВ интервјуто на Радио Слободна Европа што со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го водеше колешката Зорана Гаџовска Спасовска, е вистински погодок за вас, почитувани, како наши конзументи.
Секоја минута жалам што не останав да работам во странство, оти тука станав инвалид работејќи за газда чии синови се „посветени активисти на партијата на власт“.
Коментар на читател.

Прашањето за милион долари - дали напролет, заедно со претседателските ќе има и вонредни парламентарни избори, го предизвикало Петар да се фокусира токму на тој одговор на Ахмети. Па, забележува неколку елементи од кои извлекува свој заклучок дека предвремени парламентарни ќе има, или ДУИ ќе одел во опозиција.

Редовниот Пиле во своите два долги коментара забележува дека Ахмети во интервјуто
воопшто не ги спомнува негативните оценки од Стејт департментот и од Европската комисија токму за ресорите со кои раководат кадри на ДУИ: правда, евроинтеграциите и омбудсманот. Саво од Скопје, покрај другото, анализира дека внатре во партијата имало конфликти и дека со паралелната дипломатија го дефокусира вниманието од тоа, а
Државава се претворила во земја на пензионери и социјалци, а работниците се надвор.
Коментар на читател.
Никола реагира на забелешката на Ахмети зошто како стипендисти на претседателот на државата немало повеќе Албанци, коментирајќи дека студентите не треба да се наградуваат рамковно, туку според квалитетот.

Неџо Муриќ смета дека Али Ахмети е само глумец со морбиден, како што вели, вокабулар, па ги спомнува кадрите на некогашната ПДП, заклучувајќи дека Груевски и Ахмети биле злото за Македонија. Перо наведува дека најмногу го боли тоа што малцинската заедница нема почит кон државните симболи и кон законите кои се важечки за сите.

Дека нашите млади не ја гледаат својата иднина во Македонија е позната работа. И најновото испитување помеѓу млади направено од невладината Реактор потврдува дека дури 40% од испитаниците сакаат да заминат во странство. Митко коментира дека која и да е власт воопшто не се грижи вистински да направи нешто за народот, туку стопроцентно се посветува на напад кон опозицијата, а тој, вели, секоја минута жали што не останал да работи во странство, оти тука станал инвалид работејќи за газда чии синови се „посветени активисти на партијата на власт“.

Аце пишува дека државава се претворила во земја на пензионери и социјалци, а работниците се надвор. Редовниот МК Обсервер моли испраќачите на пораки да согледаат дека сликата им е од едно „старо сиво време“ на што добил два одговора: од Барбара, која вели дека сликата не е сива, туку е црна, и од некој анонимен, потпишан со: „Поздрав до МК Обсервер“, кој иронично го моли за адреса каде што може да достави свое Си-Ви за да стане обсервер, ако останува во Македонија, зашто неговата работа му изгледа „лесна и добро платена“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG