Достапни линкови

Последното годишно обраќање на Иванов


Претседателот Ѓорѓе Иванов зборува во македонското собрание, 2009.

Претседателот Ѓорѓе Иванов зборува во македонското собрание, 2009.

Шефот на државата ќе го сумира сработеното на крајот на годината, но за разлика од претходните четири години, дененешното обраќање на Иванов во Собранието ќе биде негово последно во рамките на овој претседателски мандат.

Традиционално како и секоја година така и денеска претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Македонија. Шефот на државата ќе го сумира сработеното на крајот на годината, но за разлика од претходните четири години, дененешното обраќање на Иванов во Собранието ќе биде негово последно во рамките на овој претседателски мандат. Се очекува во неговото обраќање да се осврне на клучните политички прашања од надворешната политика, евроинтеграциите, економските политики и друго.
Зошто јас во моментов сум револтиран од претседателот Иванов? Од 20-те студенти кои што земаат стипендија од државата, требаше да биде само еден Албанец? Можеше да бидат тројца или четворица, со тоа што ќе се дадеше една добра порака за граѓаните.

Официјална потврда за тоа дали актуелниот претседател ќе се кандидира за уште еден мандат, се уште нема. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ веќе спроведе анкета за можни кандидати за претседателските избори во март наредната година. Според пишувањата на медиумите на листата биле имињата на актуелниот претседател Иванов, Срѓан Керим, Јове Кекеновски и Зоран Ставрески.

Досега својата кандидатура за претседателските избори ја истакнаа професорот Јове Кекеновски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека ќе се кандидира на партиската конвенција и генералот Стојанче Анѓелов од Достоинство. Опозицијата се уште калкулира со можните имиња за претседателски кандидати. Во јавноста се шпекулира за Стево Пендаровски, Бранко Наумовски и Денко Малески како најсериозни кандидати. Инаку Демократската Унија за интеграција соопшти дека нема да го поддржи Ѓорге Иванов ако се
Наспроти сè, не само што остануваме верни и определени на нашата темелна евроатлантска насоченост и интеграција, туку и ќе ги уважуваме препораките и ќе ги интензивираме напорите.
кандидира за уште еден мандат. Во неделното интервју за радио Слободна Европа, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели:

„Зошто јас во моментов сум револтиран од претседателот Иванов? Од 20-те студенти кои што земаат стипендија од државата, требаше да биде само еден Албанец? Можеше да бидат тројца или четворица, со тоа што ќе се дадеше една добра порака за граѓаните. Јас не сум за делби, туку за заедништво. Значи јас сум отворен околу ова прашање и ќе зборувам отворено со сите, ќе зборувам и со албанската партија во опозиција за тоа дали да се залагаме за театарската претстава која што ја имавме досега или, пак, ќе имаме попрагматичен однос кон ова прашање, кое што ќе биде корисно и за Албанците и за Македонците“.

Минатогодишното обраќање на претседателот Иванов ќе остане запаметено по неговата разочараност за заклучоците од самитот на Европската Унија, особено, затоа што како што тогаш рече Република Македонија вложила евидентно многу и го забрзала темпото на реформите и успешно го водела претпристапниот дијалог на високо ниво со Унијата.

„Наспроти сè, не само што остануваме верни и определени на нашата темелна евроатлантска насоченост и интеграција, туку и ќе ги уважуваме препораките и ќе ги интензивираме напорите. Ќе соработуваме блиску со Европската комисија и ќе продолжиме со нашите внатрешни реформи. Нашата политика била и ќе биде европска политика, истакна претседателот Иванов во неговото минатогодишно обраќање во македонското собрание.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG