Достапни линкови

Ослободена членка на Пуси рајот


Марија Алијокина и Надежда Толоконикова

Марија Алијокина и Надежда Толоконикова

Марија Алијокина, членка на руската панк група Пуси Рајот денеска е ослободена од затворот во Нижни Новгород откако доби амнестија. Думата во минатиот месец едногласно ја прифати амнестијата со која беа опфатени Алијокина и Надежда Толоконикова, исто така членка на Пуси Рајот која се уште е во затвор. Пред амнестијата тие требаше да биде ослободени во март идната година откако ќе ја отслужеа две годишната казна затвор за хулиганизам. Пуси Рајот изведе песна во една црква во Москва како протест на тоа што Руската православна црква го поддржа Владимир Путин на претседателските избори во минатата година.
XS
SM
MD
LG