Достапни линкови

Ал Каеда се извини за напад врз болница во Јемен


Огранокот на Ал Каеда во Јемен објави извинување за нападот врз болница во воен комплекс од 5 декември кога беа убиени 52 луѓе. Ал Каеда од Арапскиот Полуостров(АКАП) веднаш ја презеде одговорноста за нападот, но во видео изјавата објавена синоќа, командантот на АКАП, Касим ал-Рими, вели дека на борците им било кажано да не влегуваат во болницата во воениот комплекс.

„Ние ја признаваме нашата грешка и вина“, рече тој и за убиствата обвини еден милитант кој не ги послушал наредбите.

„Се оградуваме од тоа што го направил нашиот брат“, рече ал-Рими.

Меѓу загинатите имаше и странски медицински персонал од Филипините, Германија, Виетнам и Индија. Ал-Рими изрази сочувство до семејствата на жртвите и вети дека АКАП ќе им исплати оштета на семејствата и нагласи дека џихадот во Јемен ќе продолжи.
XS
SM
MD
LG