Достапни линкови

Космонаути излегоа Меѓународната вселенска станица


Двајца американски космонаути излегоа надвор од Меѓународната вселенска станица за да отстранат расипана пумпа. Сепак, второто излегување за да ја наместат новата пумпа беше одложено за 24 декември, откако се појави проблем со вселенскиот костум на еден од космонаутите при неговото влегување во станицата. Властите соопштија дека според американската вселенска агенција НАСА, потребно е повеќе време за подготовка на нов костум. Властите веруваат дека не се работи за истиот проблем кој предизвика опасно протекување на вода во шлемот на италијанскиот космонаут во јули годинава. Излегувањето надвор од станицата стана неопходно откако еден од двата системи за ладење се расипа на 11 декември, со што го принуди екипажот да ја исклучи целата опрема што не е неопходна и да прекини десетици научни експерименти.
XS
SM
MD
LG