Достапни линкови

Француските спасувачи трагаат по жртви на хеликоптерска несреќа


Илустрација.

Илустрација.

Француските спасувачи трагаат по кинески милијардер и француски винопроизводител за кои се стравува дека загинаа во хеликоптерска несреќа во реонот на Бордо. Властите соопштија дека од остатоците на хеликоптерот во реката Дордоња го извлекле телото на 12-годишниот син на кинескиот тајкун Лам Кок. Со хеликоптерот пилотирал винарот Џејмс Грегоар. Тие полетале во петокот откако Грегоар му продал на Лам Кок замок и лозја во вредност од неколку милиони евра. Медиумите јавуваат дека сопругата на кинескиот милијардер не се качила во леталото. Лам Кок бил директор на компанијата Брилијант од Хонг Конг, која е специјализирана за ретки чаеви и луксузни хотели. Тој наводно планирал да го претвори замокот во луксузен центар за дегустација на вино и чаеви.
XS
SM
MD
LG