Достапни линкови

Бан Ки-мун бара зајакнување на помошта за Филипините


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ја повика меѓународната заедница да ја зајакне помошта за реконструкција на Филипините по ударот на тајфунот Хаијан. Зборувајќи денеска во Манила, шефот на светската организација рече дека меѓународната заедница не смее да дозволи ситуацијата да се претвори во „уште една заборавена криза“. Тајфунот Хаијан го погоди централниот дел на Филипините на 8 ноември, при што беа загинати околу 6.100 луѓе, околу 1.800 сè уште се водат како исчезнати, а илјадници домови се уништени. Бан Ки-мун соопшти дека ОН досега добиле само околу една третина од 791 милиони долари што на светската организација ѝ се потребни за едногодишниот план за реконструкција. Владата на Филипините соопшти дека ѝ требаат повеќе од 8 милијарди долари за обнова во наредните години.
XS
SM
MD
LG